Маја Кулевска
Исто како и првиот дел ,,Арсен" и вториот дел ,,Тајните на госпоѓа Рејчел" од Кристи Гоб, авторката ме остави без зборови.
Прекрасна книга прочитана во еден здив.
После убиството на Ведран и психичкото закрепнување на Кејт, кое трае подолг временски период, Кејт одлучува да оди во Лондон на докторски студии. Таму живее во стан со цимерките Леона и Емили , преку една од цимерките ја запознава и госпоѓата Рејчел. Запознава и други нови пријатели.Го запознава Фред кој многу ја по-
тсетува на нејзината голема љубов Ведран.
Која е госпоѓа Рејчел, какви тајни крие? Како сето тоа е поврзано со Кејт, оставам сами да откриете со читањето на оваа прекрасна книга.
Книга полна со заплети, зад кулисни игри, со мистерија многу непредвидливи пресврти и крај со нова мистерија. Со нетрпение ќе го очекувам следното продолжение....
Топла препорака за во овие убави есенски денови.
Kommentare