Search

Рецензија за "Колатерална штета"

Даниела Коцева


Џејмс умира на рацете на воениот психијатар Брук Адамс во експлозија на бомба во кафуле во Кабул.Брук успева да се спаси но остануваат кошмарите од тој ден,но и покрај се Брук успева да продолжи да работи како психијатар по враќањето во САД.

Од друга страна тука е Ашер Џејмс кој е поранешен наредник во армијата кој исто така служел во Авганистан и по напуштањето на армијата има потреба од психијатар.За да се справи со своите кошмари ќе ја побара помошта на Брук,меѓутоа кога ќе се појави тој на закажаната средба ќе најде мртва жена во нејзината канцеларија и откако ќе открие дека метата всушност била Брук тој ќе си даде збор дека ќе ја заштити по секоја цена.

Дали убиецот е некој од нивното минато?

Дали зад овие прогонства се крие личност од времето поминато во Авганистан?

Какви тајни носи Брук со себе?

Дали Ашер ќе успее да ја заштити и од кого треба да ја штити?

Книгава потикнува многу прашања.

Што се случува во Авганистан?

Низ што се поминуваат оние кои ќе решат да се откажат од оваа валкана војна?

Дали некогаш сме се запрашале низ кој пекол мора некој да помине?

Книгава задолжително да си ја прочитате!

Од првата страница не ми дозволи да ја оставам додека не ја завршив!

Со нетрпение ќе го очекувам преводот на вториот дел,а до тогаш ве уверувам дека нема да погрешите доколку си ја набавите книгава

Од мене добива петка,чиста како солза.


40 views0 comments