Search

Заглавена во средина - Гејл Ропер


Маријана Ѓорѓиевска Мишовска

Ова е книга во која се опфатени повеќе жанрови, крими - трилер со елементи на мистерија и романса. Добитник е на Рита наградата.

Новинарката Мери Крамер донесува одлука да ја смени средината, и да се оддалечи од родниот град, за да го пронајде својот душевен мир. Се сели во Амхерст, мало гратче, и се вработува во локалниот весник. Се чини дека работите полека си доаѓаат на свое место, таа се привикнува на осаменоста и далечината.

Но по три мирни месеци - следува бура. Временска бура, во вистинска смисла на зборот, но и бура во животот на младата репортерка. Во багажникот на автомобилот, Мери пронаоѓа мртов непознат маж, и тоа ја изместува од колосек. Речиси во исто време умира и градоначалничката, и Мери е задолжена да ги истражува двете приказни.

Дали постои некаква поврзаност во овие случаи? Зошто некој би оставил мртовец токму во нејзиниот автомобил, кога таа нема ниту пријатели, а камоли непријатели во новото место? Единствено друштво и е мачката, со која ги делат студените, осамени ноќи.


Но на патот кон откривањето на мотивите и сторителот, Мери го запознава уметникот Керт, кој во неколку наврати ќе и помогне, но дали и нему може да му се верува? Кој и зошто би сакал да и наштети или да и се одмазди на новата девојка во градот, која бараше само мирен живот?

Мери ги вложува сите напори за да ја открие вистината, да ја напише приказната и да продолжи напред, но и да се одбрани од нападите на злосторникот и да не стане негова следна мета.

Ова е прв дел од серијалот Амхерст мистерии, кој има уште неколку продолженија, кои ќе не држат во неизвесност за текот на дејството, и крајниот исход. Препорака

20 views0 comments