Search

За "Заглавена во средина"


Од Мариетка Петровска



Мерили Крамер е млада девојка, која обидувајќи се да побегне од несреќната љубов, одлучува да направи промена на нејзиниот физички изглед и да го напушти семејството и родниот Питсбург, и да замине во Амхерст, каде што се вработува во весникот „Новости“. Но еден дождлив ден, по одложеното интервју со градоначалничката, за малку избегнува да се судри со друг автомобил, а потоа и да прегази човек. И кога се чини дека нејзиниот ден не може да биде полош, во багажникот од автомобилот пронаоѓа тело на непознат човек. Како што се развива истрагата, таа станува цел на убиецот, добивајќи ја шансата да ја напише приказната на нејзиниот живот.




Кога нејзиниот шеф ја праќа да направи интервју со локалниот сликар Керт Карлајл, таа се запознава со триесетгодишен маж кој неколку пати ѝ го спасува животот. Започнуваат да поминуваат повеќе време заедно.

И кога се чини дека се знае кој е убиецот, се случува пресврт во приказната. Дали осомничениот од полицијата е човекот што сака да ја убие Мери? Зошто некој би сакал да убие млада девојка која познава многу малку луѓе во новиот град? Дали Мери ќе успее да ја напише приказната?

Останува да ја прочитате книгата за да дознаете, а јас со нетрпение ќе го чекам издавањето на втората книга од серијалот.


Koн книгата:

https://bit.ly/3oOTs9y

60 views0 comments