Search

За „Никогаш не откажувај се“

Маријана Илоска Пајдакова

Сте размислиле ли некогаш до каде може да отиде човечката посесивност?! Претпоставувам дека нема граници, според мене, најверојатно се граничи со човековата лудост, но овојпат во најнегативната смисла на зборот.

Не би можела ни да си замислам колку би болело кога мајка ќе си остане без своето бебенце кое толку нетрпеливо го чекала да пристигне на овој свет, и кога најмногу треба да му се радува тогаш тоа е украдено. Токму тоа и се случува на Кејтлин, кога полицијата трага и не може да го пронајде детето.



После 21 година кога Кејтлин е на смртна постела и сака за последен пат да се обиде да ја пронајде ќерка ѝ, го ангажира генеалогот Андерсон да ѝ помогне, но за жал тој загинува и неговата работа ја превзема неговата внука Вилоу. Од тука за Вилоу почнуваат сите можни заплетки со кои се соочува заедно со поранешниот ФБИ агент во кој била вљубена Остин МекКејд. Некој упорно се обидува да ги оттргне од истрагата за да не го најдат девојчето, но нивната упорност е поголема од било што.

Кој е виновникот кој стои позади сето ова, откријте сами, јас дефинитивно не го предвидов крајот.

44 views0 comments