Search

Книгата за која толку се зборува, дефинитивно заслужено го добива сето тоа внимание.

Пишува: Марина Кљајиќ


Книгата за која толку се зборува, дефинитивно заслужено го добива сето тоа внимание. Зар не ве заинтригира уште од самиот наслов? Несомнено го привлече и моето внимание, каква е таа мајка од магла - се запрашав. Прво нешто на што помислувам кога ќе се спомне зборот мајка е љубов. Безусловна, неисцрпна, искрена љубов. Мајка, единственото човечко суштество кое се раѓа во моментот кога на свет ќе донесе друго и од тогаш продолжува да живее дишејќи само за него. Мајка, личноста која ја бараме

од првиот момент кога ќе се родиме и по која ќе воздивнеме со последен здив. Но, кога станува збор за животните судбини и човековите улоги, ништо не е црно и бело. Преку ова дело,Баниќ не' води низ сивилото на еден мајка-ќерка однос. Приказната е раскажана од перспектива на Јована, мајката и Џина, ќерката. На прв поглед, Џина е девојка на која има за што да ѝ завидуваме. Има успешна мајка која изградила империја - сопственик е на познат ресторан, ѝ обезбедила сопствен стан, ја почастила со луксузен автомобил. Младата Џина го живее младешкиот сон. Јована, која веќе е на смртна постела, погледнувајќи до каде стасала, заслужено треба да се гордее со себе. По потекло од сиромашно селско семејство, уште од млади години имала една единствена цел - да избега од таа мизерија и да успее во големиот град. Цврсто стремејќи се кон своите идеали, Јована не дозволува никој и ништо да ја запре и на секој можен начин гази врз секоја препрека која ѝ наидува на патот. Не ја запира дури ни непланираната бременост, ниту брак во кој место љубов царува насилство, ниту дете кому таа е единствената личност која ја има на светот. Јована е лик кој ќе ги освои читателските срца, а однесувањето на Џина ќе ви разбуди чудење и ќе ве доведе до работ на осудата. Каква е таа ќерка која и покрај сѐ што добила од својата напатена мајка, не сака да ја посети дури ни кога миговите за тоа се намалуваат секој момент? Ќе сочувствувате со тагата на Јована, на една мајка која копнее по своето чедо. Со што ли оваа мајка заслужила такво понижување од своето дете? Ќе ја осудите Џина, размазена богата наследничка. Но, не избрзувајте со заклучоци! Почекајте до крајот. Честитки за ова извонредно дело драга Габриела Давидовска Баниќ Ова четиво е задолжително за сите, посебно за родителите. Ова четиво ќе ни даде многу убава лекција, ќе не потсети дека раѓањето на дете не не' прави родители само по себе и најважното од сѐ, да се замислиме пет пати кога создаваме 'богатсво' и наследство кое ќе го оставиме на нашите деца.


35 views0 comments