Search

„Колатерална Штета“ - Линет Исон

Марко Јакупек

Можам да кажам дека ова е една од оние книги во кои навлегуваш во длабочината на емоциите, тагата, загубата и стравот со кои се соочуваат ликовите. Кошмарите, флешбековите и последиците од сите овие нешта беа пренесени толку силно и многу брзо можеше да се поврзеш со главните ликови Брук и Ашер и да разбереш зошто тие двајцата меѓусебно ќе го пронајдат заедничкото разбирање.

Книгата е составена од два главни ликови Брук Адамс која е воен психијатар и која го напушта Авганистан после големата експлозија во кафуле во Кабул каде таа едвај си го спасува животот здобивајќи се со тешки изгореници и сега доаѓа на американско тло каде што продолжува со работа како психијатар, но сега се повеќе се бори со трауматичните спомени и кошмари од експлозијата. Од друга страна Ашер Џејмс е поранешен наредник во армијата за специјални операции кој исто така служел во Авганистан, тој исто како и Брук постојано е опкружен со кошмари, па за да се справи со ваквата ситуација тој ќе побара помош од Брук, но наместо да ја најде нејзе во канцеларијата наоѓа мртво тело.

Како тече дејствието на книгата така се поставуваат повеќе прашања дали метата всушност не била мртвата жена туку Брук и ако да дали тие се поврзани со случувањата во Авганистан.

Навистина уживав во секоја страна од оваа книга. Навидум сите настани изгледаат како случаност, но всушност тие формираат еден комплексен заговор и колку повеќе читаш толку повеќе те тера да дојдеш до крајот за да ја разрешиш мистеријата.

Топла препорака за книгата.

Оцена: *****

34 views0 comments