Зорица Трајков
Книга која е тотално интензивна и од почеток до крај ќе го задржи вашето внимание со многу акција, неизвесност, мистерија и премногу возбуда! Бог не го создаде човекот за да убива или да решава кој ќе живее а кој не, кој е помалку вреден или кој е ништо, тоа не беше првичниот Божји план. После првиот грев нештата одеднаш излегоа од контрола а со тоа и претставата за совршениот Бог. Смртта не беше предвидена како ни убиствата и војните, нелегалните задачи кои живот чинат, донесувањето одлуки кој треба да умре за друг да живее оставајќи го како колатерална штета невиниот, најден или роден во погрешно време на погрешно место. Не, тоа не беше првичниот Божји план! Исаија Џејмс е погрешно клеветен војник, прогласен за предавник кој загинува во пожар при експлозија во кафуле во Кабул, умирајќи во рацете на воениот психијатар Брук Адамс која се спасува здобивајќи се само со тешки изгореници. По долго лекување Брук се враќа во својата земја и продолжува да работи како психијатар но под услов никогаш со членови од армијата. Ашер Џејмс, поранешен наредник во армијата за специјални операции кој исто така служел во Авганистан кому кошмарите и сенките на војната не му даваат мир. Закажува средба со психијатарот Брук Адамс со надеж дека ќе се справи со своето ПТСД. Заедно запаѓаат во еден куп напади и постојано се мета помеѓу неколкуте убиства стравувајќи за своите и многу други животи. Што точно сакаат да прикријат одредени воени лица и доктори е пострашно од се што можеме да замислиме. Дали прогонстватата се поврзани со службата во Авганистан и зошто главна мета е токму Брук Адамс оставам на вас да дознаете во оваа неверојатно добра приказна за која следува и продолжение кое со нетрпение го очекувам
Comentários