Search

Кому можете да му верувате безрезервно и безусловно, целосно, вистински?


Рецензија за „Арсен“ напишана од Марина Кљаијќ

Кому можете да му верувате, безрезервно и безусловно, целосно, вистински? Или пак, гледано од друг агол, во кого ќе се посомневате? Ќе биде ли тоа вашиот партнер,пријател, колега, соработник, сосед, лекар, поранешен познаник, член од семејството,сестра, брат ... Кој ќе е оној кон кого ќе впетете прст на верба или на сомнеж? „Арсен" е дело кое ќе ве потсети да се запрашате дали и колку можете да верувате дури и на сопствениот лик кој се рефлектира од огледалото.

Книга која предизвика голем интерес, пред сѐ поради фактот што авторката избрала да се "скрие" зад псевдоним. Зошто? - се запрашав и јас, а бројни "затоа" добив патувајќи низ нејзиното дело.

Мојот впечаток е дека делото ни пренесува две приказни. Почетокот ветувачки ни најавува една интересна романса, следејќи ја средбата на Кејт и Ведран, двајца млади луѓе чии патишта ќе се сретнат во колективот на институцијата во која работат, нивното зближување и прераснување на нивниот однос од службен низ пријателски до романтичен. Кога најпосле погледот на напатената Кејт ќе се пронајде во ист таков поглед на Ведран,еден во друг го пронаоѓаат лекот за нивните напатени души. Како се нижат деновите и нивната љубов расте, така останува нешто недокажано меѓу нив... Дефинитивно е така, штом еден ден кога Кејт оди во станот на Ведран, ја дочекува шок - тој е мртов! Иако не постојат никакви индикации за тоа, случајот е затворен а смртта се препишува на самоубиство. Е тука почнува онаа другата приказна. Тука веќе се запознаваме со други, нови ликови, луѓе од минатото на Ведран. Главните протагонисти тука се инспекторите кои се ангажирани да прочепкаат подлабоко во случајот, за кој многумина, а пред сѐ братот на Ведран тврди дека е убиство. Како што и од самиот наслов можете да претпоставите, причината за смртта на Ведран е арсенот.

Како дошла оваа супстанца во неговото тело?

Каква приказна се крие позади сето тоа?

Кои се сите тие ликови чии имиња ќе "пропарадираат" низ страниците на ова дело и какви сѐ информации ќе се откријат, останува да откриете сами.

Ја прочитав во еден здив! Открив многу нешта, почувствував многу емоции...

Топла препорака од мене!

39 views0 comments