ОСВРТ КОН РОМАНОТ „УМРЕВ ЗА ДА ОЖИВЕАМ“ ОД ГАБРИЕЛА ДАВИДОВСКА – БАНИЌ

м-р Десанка Николова
Уште при првата средба со романот, забележителен е талентот и знаењето кои го поседува авторката. Со право ќе заклучам дека станува збор за автор со голема ерудиција, со богат и раскошен талент.
Од авторското перо на Габриела се родил роман кој колку е современ, толку е и севременски и ги надминува сопствените граници. Пред нас имаме роман кој колку е наш, толку е и светки. Роман кој секогаш ќе биде интересен за нови книжевни интерпретации. Роман кој плени со својата автентичност, но и со актуелноста на темата која ја обработува.
Авторката одбира иновативен начин во кој содржината не претставува хипотеза што може да се извлече од насловот, туку нѝ наговестува една нова перспектива која се гради само со прогресивни умови кои не го ни забележуваат видното поле, туку градат свое. Метафорично умирање и повторно раѓање.
Романот „Умрев за да оживеам“ е битово-социјален и семеен роман. Авторката преку битовите, суштински елементи на микрокосмосот на македонското семејство, со посебен акцент на руралната жена ја доловува нашата реалност. Толку близок и толку наш. Како наша судбинска одредница.
Со јасен, едноставен хронолошки наратив, раскажува за суштинските белези на моралот, традицијата, обичаите, сентиментот и бракот. Романот на Давидовска - Баниќ е своевидна панорама на народниот бит на селскиот човек, на селската жена и нејзината живеачка со сите етнолошки обележја, патријархалниот морал, предрасудите, но и ослободувањето од нив преку трансформацијата која ја доживува главниот лик.

Писателката од повеќе можни аспекти го открива материјалното и моралното егзистирање на храбрата македонска жена, на нејзината етнопсихологија која блика од хуманизам и непрочна доблесност.
Низ романот, авторката, разгранува една внатрешна и мисловна ритмичност и понесеност, едно згустено монолошко раскажување, една респективна експресивност која блика од драматичност.
Сочна.. богата... раскошна приказна. Слоевита и предизвикувачка...
Приказна врамена во рамката на традиционалното и модерното. Наша македонска.
Приказна за личната трансформација. За победата над самиот себе...За умирањето кое оживува.
Композициски романот е структуиран од седумнаесет поглавја. Настаните се подредени по хронолошки ред, со неколку мали дигресии.
На почетокот на романот приказната е лоцирана во мало планинско село во Македонија, но завршува во Париз.
Временската одредница на дејството е пред почетокот на пандемијата и за време на пандемијата.
Романот започнува со инвокација, обраќање до читателот, но и укажување од страна на авторот дека сите случки и ликови во оваа книга се измислени.
Овој женски роман за централна личност си одбира слика на потчинета рурална, но храбра и силна жена. Овој лик е столбот, стожерот на романот и токму преку описите и дејствата поврзани со Билјана се градат содржините коишто биле составен дел на авторовата имагинација и интенција. Хероината на овој роман истовремено ја врши и функцијата на наратор, а тоа значи дека на читателот му е понудена нејзината перспектива, односно настаните се следат од гледната точка (идеолошкиот светоглед) на главниот лик. Нараторот раскажува во прво лице.
Во фокусот на наративниот дискурс е Билјана. Сирак. Жена, пожртвувана мајка, вредна домаќинка, измеќарка. Послушна и потчинета снаа, посветена маќеа. Изневерена сопруга. Разочарана. Храбра и борбена. Горда и достоинствена.
Умирањето кое доаѓа од најголемото разочарува како шамар ја освестува, давајќи и сила за да оживее и да почне да живее.
Врз фонот на битовиот наратив, писателката ни ja открива интимната драма на жената, Билјана, и од објективен чин ce трансформира во субјективно откривање на човековата свест и совест. Преку приказната на главниот лик романот ги доловува вредностите во животот и истите ги преиспитува. Авторката употребува дијалог, монолог — интроспекција (влегување во сопствената внатрешност) и ретроспекција.
Овде ce откриени интимните драми, сложените семејни односи, личните морални падови, загрозениот морален идентитет на македонската жена и девојка.
Во контекст на ова, интерпретацијата на книжевниот дискурс може да се толку и разгледува низ призмата на неколку точки, и тоа:
1. Билјана како покорна снаа на Стојан, нејзиниот свекор и свекрвата
2. Билјана како вредна,неуморна домаќинка
3. Билјана како посветена и пожртвувана мајка на Александар
4. Билјана како добра маќеа на Сањето
5. Билјана како изневерена и разочарана сопруга на Иван
Во суштина предикативноста на главниот лик и наратор во романот, произлегуваат од наведените точки.
Иако на прв поглед станува збор за едноставна приказна, сепак романот „Умрев за да оживеам“ има сложена семантичка стурктура со бројни наративни сегменти. Ова дело се одликува со „сложена едноставност“ или подобро речено со „едноставна сложеност“.
Романот „Умрев за да оживеам“ фасцинира и плени со богати етгографски содржини.
Авторот опширно го објаснува изгледот на типичната македонска селска куќа, но и животот и навиките на луѓето кои живеат таму:
„ Камената куќа, како и секоја во македонско планинско село од раштркан тип, има огромен двор. Ниска е, еднокатна. Составена е од три соби. Едната од нив сите ја користиме и тоа најмногу. Двата широки железни кревети во неа имаат повеќе намени. Преку ден тие служат за починок, за место на кое не сите во куќава имаат можност да седнат и некое време да гледаат во телевизорот што е ставен високо на креденецот уште откога децата беа мали за да не му