top of page
Search
Writer's pictureEmilija Zlatkova Anastasova

Прва рецензија за „Предодредени еден за друг“ од Александра


Пишува: Алесандра Василева

Имав чест да бидам меѓу првите што ќе ја прочитаат оваа прекрасно скроена книга.

Книга која не води во далечната 1886 година низ историјата на изградбата на железничката пруга низ Американските држави (конкретно Минесота) за бурите на езерото Супериор и неговите рибари жртви, за конфликтите, за Љубовта, жртвата и најважното вербата во Бог.

Стилот е разбирлив со кратки описи и многу поголема посветеност на развивање на приказната...

Главната хероина Глоријана Вомак е олицетворение на храброст и издржливост. Таа е ќерка, сестра и замена за жена и мајка во семејството Вомак. Шарлахот и ги одзел мајката, братот и сестрата, па таа се грижи за секое катче од домот. Нивните соседи Сели и Скот го очекуваат првото дете и се како едно семејство со Вомак.


Воглавно мажите во Дулут се занимаваат со рибарство. Скот и таткото на Глоријана се рибари кои заработуват од уловот па тргнуваат на последното испловување пред да дојде зимата. Тоа испловување е последното за двајцата мажи бидејќи бурата е кобна за нивниот брод.

Веста за смртта на сопругот е кобна и за Сели најблиската пријателка на Глоријана која на свет го носи малото бебе пред да се откаже од животот.

Таа ноќ во Дулут пристигнува и Лук Карсон братот на Скот кој е главен менаџер за изградбата на пругата.

Останувајќи сама само со малото братче Џеј ти Глоријана почнува да ја губи вербата во Бога мислејќи дека тој бил неправеден и и одзел се, но Лук станува нивна главна поддршка и по желба на Сели тие двајца го одгледуваат бебето Сели....

Колку ќе успее Лук во неговата задача да ја изгради пругата навреме, дали Глоријана ќе успее да ја врати вербата во Бог и колку Лук ќе влезе во нејзината иднина оставам да си откриете сами зошто оваа книга треба да се прочита, да се има дома.

Нејзината големина, љубов и топлина ме воодушеви и оваа книга ми стана една од омилените книги на Издавачка Куќа Збор

69 views0 comments

Comments


bottom of page