Search

Прва рецензија за "Продолжи да одиш" од Елена Симоновска



Захарули Спасеска


Колку е потребно за да најголемата среќа во животот стане најголема тага?

Најчесто животот ни ги задава најтешките удари, баш во моментите кога мислиме и чувствуваме дека сме најсреќни.

А што правиме ние?

Продолжуваме да одиме понатаму!

Колку и да е тешко да се продолжи, сепак никогаш не треба да се откажуваме.

Софија откако се соочува со неверството на нејзиниот свршеник Филип, доживува сообраќајна несреќа. Се здобива со скршеница на раката и некои лесни повреди. Скршеницата на нејзината рака, а и сите други повреди ќе поминат, но што со нејзиното скршено срце?

Колкави се шансите да се залепат скршените работи?


Дали Софија со помош на поддршката од нејзиното семејство ќе успее да го преболи Филип?

Дали после неверството ќе успее повторно да сака?

Дали би можело едно скршено срце повторно да љуби?

По кој пат би требало да тргне таа за да ја пронајде вистинската љубов?

Каде се наоѓа таа?

Прекрасна приказна која се чита во еден здив и буди многу силни емоции.

Топла препорака од мене.

180 views0 comments