Search

Прва рецензија за „Украдено детство“

Ана Ѓурова

„Во малите работи е среќата.“


Книгата се чита на едно седнување што би рекла јас додека трепнеш или испиеш едно кафе. Кратка, лесна, читлива, без непотребни описи или детали.

Нарацијата ми се допадна и како за дебитантско дело добро е составена.

Ликовите се добро претставени, а приказната едноставно е слеана.

Почнуваш и тераш се до крај. Авторката ни претставува некоку животни судбини и љубовни приказни, нивните семејни врски, нивниот однос, разделби од саканите и сè што ни носи секојдневниот живот со неговите болки, настани и со нашите одлуки.

Овие човечки судбини преточени во приказни се добро вплетени една по друга како прстите на раката и не можете да ги откинете една од друга, бидејќи припаѓаат да бидат заедно. А ние колку и да се трудиме да смениме дел од нашите одлуки или да избегнеме немили настани не знаеме што ни носи следната кривина од нашиот живот, што следно ќе ни го попречи патот. Затоа да уживаме во малите работи во секој миг, во секое вдишување. Благодарение на нив ние опстојуваме.

Новелата започнува со животната судбина на едно семејство кое после долги години без деца ја добиваат својата ќерка Симона. Гледајќи ја како расте покрај нив не можат да си го замислат животот без неа. Но Симона израснува и со тешко срце ја пуштаат на факултет во Охрид, а нивните денови сè се потажни и во исчекување кога ќе им се врати нивната ќерка.

Додека студира Симона го запознава Јован од Скопје. И така започнува нивната животна приказна.Тие се вљубуваат,но нивните родители им застануваат на нивниот пат, на патот на љубовта. Иако за Симона и Јован тоа е несфатливо тие не се откажуваат од нивната љубов. Среќни ја вдишуваат секој ден и на крај запливуваат во брачните води.

Нивната среќа станува поголема со доаѓањето на нивната ќерка. Радоста и среќата е неизмерна се до еден повик,еден кобен миг кој поптполно ќе ја уништи и најмалата ронка од нивното среќно семејство. Ќе ја удави секоја надеж за понатамошна среќа и ново светло во животот.

Секоја животна судбина си има своја тежина како вреќа полна со камења. Ја носиме на нашиот грб и се свиткуваме од нејзиниот товар, но не ја оставаме. Колку и да се трудиме да си олесниме, да извадиме некој камен, секогаш на патот ќе има друг кој ќе ја пополни празнината од претходниот. И така товарот секогаш ќе си го носиме со истата тежина, а некогаш може и да натежни. Но најтежок товар е родителскиот, со себе повлекува еден куп камења и за себе и за децата и го носи без да се жали. Кога ќе порасне детето самото си носи свој товар,а на родителот му се олеснува неговиот.Ако родителот донесе погрешна одлука, товарот го презима детето и гордо го носи тој товар.Родителите не треба да стојат на патот на децата или да одлучуваат за нив.Со тоа им ја уништуваат среќата, а се казнуваат самите себе. Една одлука, еден момент и животот се сменува или може и да се уништи, па дури и да се украде едно детство на невино суштество кое е наша крв, наше месо. Затоа е многу важен семејниот однос, семејната поддршка, а најмногу љубовта. Ако снема едно од нив семејството се уништува. Врската која треба да не поврзува цел живот се кине, а со тоа и смислата на животот. Но секогаш постои една ронка надеж, една точка, едно светло во секој мрачен момент. Треба да ги оставиме нашите деца сами да одлучуваат по кој пат ќе тргнат,а не да го уништиме тоа што сме го создале. Бидејќи без нив пропаѓаме во црна дупка и чекаме да се појави таа една точка на врвот од дупката. Љубовта, таа чистата, искрената, безусловната е таа која не одржува во живот,а ние треба да ја полеваме исто како цвеќето.

Чест ми беше што бев прв читател на оваа новела.

Ти благодарам драга Захарули на довербата и се надевам ги исполнив твоите очекувања.

Честитки од срце!

260 views0 comments