Search

Прва рецензија од читател за Невообичаен Велигден


Пишува Марина Кљаијќ


Со големо задоволство ќе се пофалам дека ја имав честа да бидам меѓу првите читатели на најновото дело на Емилија - третиот дел од серијалот Близнаци.

Во претходните делови имавме можност да се запознаеме со близнаците Емил-Марјан и Емили, чии животи беа подложени на големи судбински игри, но на крајот сепак сѐ си дојде на свое место.


Па така, некогашните млади и заљубени Марија и Гоце, сега се скоро пензионери, горди родители и баба и дедо. Емили и Емил- Марјан и покрај тоа што живеат во различни држави, ја одржуваат и негуваат нивната врска. Емили е среќна сопруга и горда мајка на двајца близнаци, а Емил е успешен лекар, сопственик на болница со хуманитарен карактер.

Во пресрет на Велигденските празници, Емили со семејството патува кон Македонија, а

Емил како среќен вујко кој ги разгалува и сака да ги дочека внуците со подароци, се упатува на шопинг во трговски центар.

Во моментот кога Емил вози кон целта, разговара со сестра си на телефон, а во етерот се разлева мелодијата од познатиот хит „На Велигден сум се заљубил". Емили како на шега вели дека песната е некаков знак...


Ќе биде ли во право Емили? Какви ли планови има судбината овој пат?

Уште колку делчиња треба да си ги најдат своето место за сложувалката да ја открие сликата која ја содржи?

Во одредени периоди од животот, сѐ ни делува конфузно, нејасно, нелогично, но како што вели авторката - тоа е така зошто гледаме само дел од големата слика, само дел од сложувалката, чие постоење е само во рацете на Бог.


Следејќи го творештвото на авторката, во секое наредно дело се чувствува нејзиниот книжевен раст, градењето на нејзиниот стил, развојот на нејзиниот раскажувачки талент.

Како што доликува - крајот го краси делото!

Навистина прекрасна завршница.

Не чекајте да нурнете во ракописот на Емилија. Навистина уживав во нарацијата, која својствено за неа, ме обли со блаженство, ми предизвика бурни емоции, ми разбуди солзи.

Еми, честитки уште еднаш❤️

35 views0 comments