top of page
Search
Writer's pictureEmilija Zlatkova Anastasova

Прва рецензија од читател за „Патешествие“



напишано од @knishka_m

„Ако тргнете со мене и ако издржите, ќе се чувствувате исто како што се чувствувам и јас. Таму каде што одам има сѐ во изобилство. Тргнете со мене и ќе се уверите дека ја зборувам вистината“.

Нараторот во романот го раскажува својот сон за човекот кој се нарекува Христијан и кој го напушта семејството и родниот град Пропаст, тргнувајќи на патешествие (аџилак) во потрага по Небесниот Ерусалим. Евангелистот ќе му биде водич и пријател кој ќе го упатува на правиот пат, но покажувајќи човечка слабост, Христијан ќе скршнува и ќе се советува со лукавите и слаткоречиви Лицемер, Формалист, Незадоволко, Срамота и многу други кои ќе му ја разнишуваат самодовербата. Но, вербата и покајанието секогаш одново ќе го враќаат на патот кон Небесната порта и покрај страдањето, борбата со чудовишта и останатите демонски форми. Патешествието е долго, непредвидливо со безброј тешкотии, но исто така носи многу животни пораки за оние кои се одлучиле да „тргнат“.

Алегоричен приказ на еден човеков живот, роман исполнет со метафори и симболични ликови кои пресликуваат одредени карактерни особини.

Романот „Патешествие“ за првпат е издаден во 1678 год. и претставува своевиден класик, значајно дело на теолошката фантастика во англиската литература. Романот е преведен на 200 јазици.

Препорака.



54 views0 comments

Comentários


bottom of page