Пишува: Силвана Панева
Добро ситуираниот банкарски чиновник Јаков Хирш, преку ноќ ја губи работата во банката во Чикаго. И како секогаш бива, несреќата никогаш сама не доаѓа......Неговата жена умира на породување заедно со мртво роденото дете, а тој скршен од болка спасот од сиромаштијата, со четири годишната ќерка Кејси ќе го бара на друго место во Америка.
Го превзема ризикот да патуваат во товарен воз, но ќе бидат принудени да се симнат на место за кое прв пат слушнал.Додека Кејси гори од температура една млада девојка, како вистински ангел ги носи во глуво доба на вистинското место.Лекарот без двоумење го спасува детето од сигурна смрт, згора на се'им дава соба, а младата девојка Лизел со денови се грижи за здравјето на Кејси.
За кратко време дознава дека се наоѓа меѓу луѓето на заедницата Амана, во близина на Ајова.
Во заедницата Амана има старешини кои се грижат за секој свој член подеднакво.А луѓето се грижат еден за друг, не се мразат, не се борат за личен престиж, туку за опстанокот на целата заедница.Живеат живот по написите од Библијата.Набргу ја добива поддршката од старешините и симпатиите на Лизел.
За разлика од другите водачи при крајот на 19 век, чија намера е да им служат на сопствените потреби, водачите на Амана и'служат на луѓето.Не собираат пари за себеси, не прават луксузни куќи, не си купувале поголеми коњи. Наместо да бараат моќ, тие го барале Бог.
Во меѓувреме во Чикаго, е распишана потрага на Јаков Хирш за проневера на голема сума пари, од банката во која работел.Сега тој ќе мора да ја докаже својата невиност, пред девојката во која е вљубен и пред старешините кои му помогнаа кога му било најтешко.Ќе успее ли таму да ги надмине сопствените слабости и предизвиците, на кои е тешко да се одолее и како чист човек да се врати ДОМА?!
Во синергија со преубавата корица и содржината на книгата е топла и романтична. Дури посакав на кратко да влезам во тој преубав свет, без злоба, без суети, без трка по материјалното...
Преубава книга.Ја препорачувам за читање🌷🦋🎼❤️🍀
Comentários