рецензент Елена Симоновска (писател)
„Животен пат“... или „судбина“? Што е тоа? Сепак животен пат би рекла јас... Судбината повеќе ми е некое суеверие...Тоа е патот што го оди секое човечко битие на земјава. Од што зависи каков ќе биде тој пат? Од самите нас најмногу, но понекогаш постојат други фактори што влијаат на него, на тоа дали ќе скршнеме од патот или нема и повторно ќе се вратиме назад. Без разлика колку ќе потрае тоа „скршнување“ по наша или по туѓа вина, најважно е нашето „враќање“.
Мелек е 14-годишно девојче кое во еден момент има сè. Има семејство кое го сака и е сакана, има најдобра другарка Елдина на која може да ѝ каже сè и да си ја соголи душата пред неа, знаејќи дека никогаш нема да ја предаде. Што повеќе му треба на едно 14-годишно девојче?
Мелек живее скромно во едно село во Турција. Оди во училиште, сака да учи и е среќна. Но длабоко во очите на нејзината мајка секогаш гледа тага иако таа се труди да не го покаже тоа. Нејзините тројца доста постари браќа живеат во странство, па таа ретко ги гледа, речиси и не ги познава. Нејзините родители се многу постари во однос на родителите на другите деца на нејзина возраст, но таа ја добива најголемата љубов на светот од нив.
Наеднаш таа губи сè... Нејзината другарка се преселува во Америка, ја губи мајка си, а потоа доживува сообраќајна незгода со татко ѝ и нејзините двајца браќа, каде само таа останува жива. И што сега? Таа останува сосема сама со еден од браќата и дознава дека таа не е Мелек, туку Клеа. Се соочува со голема загуба. Зарем едно девојче на оваа возраст може да се избори со оваа загуба? По вина на нејзиниот брат Нихат, се мажи за човек кој не го сака, но тој ја сака и е многу трпелив и внимателен кон неа. На многу мала возраст добива две деца, близначиња, и 10 години се помирува со „судбината“ трудејќи се да го засака својот предобар сопруг. Но на срцето не може да му се нареди, па ни таа не успева во тоа.
Сè до моментот кога решава да го земе својот животен пат во свои раце и да ги промени нештата. Се соочува со минатото и успева храбро да надмине сè, токму како „вилинското коњче“. А како успева во тоа, ќе откриете сами.
Преубава животна приказна што ќе ве натера да размислите длабоко за животните вредности и ќе ве врати во некое ваше минато. Сите имаме минато поради кое имаме „грутка“ во душата. Јас таа грутка ја чувствував цело време додека ја читав книгава. Тоа што е најважно е да сфатиме дека на стравовите и на вистината мора да им погледнеме право во очи и дека убавината на човекот доаѓа одвнатре. Каква е нашата душа, таков ќе биде и нашиот живот. Не заглавувајте се во минатото, соочете се со него и живејте! Живејте храбро и среќно, сакајте за да бидете сакани! Живејте СЕГА, не во минатото, не во иднината... СЕГА! Ако се соочите со загуба, научете да останете на нозе... Секој пад, нека биде лекција од која ќе научите нешто...
Драга моја Илина. Ти симнувам капа, како што би рекле старите, а кажале многу паметни работи. Во ова задоволство од книга што го прочитав како прв читател, прво морам да кажам дека сум почестена и неизмерно среќна што ја имав таа чест и бескрајно сум ти благодарна што ми го пружи тоа задоволство токму мене. Потоа сакам топло да им ја препорачам на читателите и да им кажам дека ќе уживаат целосно во секој збор и секоја страница од книгава и постојано ќе бидат во неизвесност што ќе се случи понатаму додека
Comments