Марко Јакупек
Навидум обична, но ова е книга со многу моќна приказна, склоп од мистерија, драма, романса и хумор.
Во центарот на самата книга се два лика: Дори Мекалистер и свештеникот Пол Тревалин.
Дори е млада жена која поминала 6 години криејќи се од своето семејство во Сан Диего, но откако нејзиниот дедо смртно ќе се разболе таа ќе биде принудена да се врати во родното место со цел да биде со него, но исто така таа ќе биде принудена да се соочи и со нејзината поранешна љубов "Треви".
Од друга страна го имаме свештеникот Пол кој поминал шест години прашувајќи се зошто неговата сопруга го напушта по само три дена во брак и од тогаш нема никаков контакт со него. Тој сега работи како привремен свештеник, но врховните водачи се сомнителни во поглед да го запослат за стално поради неговото минато, плашејќи се дека истото ќе влијае врз неговата служба.
Дејствието во книгата особено станува тензично кога Дори по пристигнувањето на аеродромот во Сан Диего ќе земе погрешна торба која внатре содржи вредност од над еден милион.
Овој погрешен потег може да биде клуч кон решавање на проблемите или нивно дополнително продлабочување, јас нема да ви го откријам тоа туку ќе оставам сами да си откриете читајќи ја оваа книга.
Книгата треба секој да си ја прочита затоа што носи моќна порака да бидеме истрајни, меѓусебно да се почитуваме и да се научиме да простиме, затоа што преку простувањето добиваме мир на душата.
Comments