Search

Рецензија за „Мајка од магла“ - Габриела Давидовска Баниќ

Мариетка Петровска

Ми беше чест што имав можност да го лекторирам првото дело на македонски јазик на авторката Габриела Давидовска-Баниќ, „Мајла од магла“, а со тоа меѓу првите да го прочитам и да се запознаам со неговата содржина.

Џина Трајкоска е богата деветнаесетгодишна девојка, чија мајка е сопственичка на ексклузивен ресторан во центарот на Скопје. Таа има свој стан, вози скап автомобил, носи скапа гардероба, редовно посетува фризерски и козметички салони и има живот за каков што сонуваат многу млади луѓе. Има многу пријатели, а и вработените во ресторанот на мајка ѝ сакаат да ѝ се доближат и да се спријателат со неа. Но ненадејното разболување на нејзината мајка менува сѐ. Џина добива многу обврски кои се чини дека не е подготвена да ги преземе.

Што е среќата? Колку пари се потребни за задоволство и среќа? Дали со нив среќата доаѓа по автоматизам или е потребно нешто друго? Кои ни се приоритетите во животот? Како да дознаеме кои ни се вистински пријатели што ќе бидат со нас да ги делат убавите моменти, но и секогаш кога ќе имаме потреба од нив? Колку време е потребно да посветиме на семејството, па и себеси? Читањето на приказната за животот на Јована и Џина во романот „Мајка од магла“ ќе нѐ натера да размислиме за одговорите на овие прашања.


66 views0 comments