top of page
Search
Writer's pictureEmilija Zlatkova Anastasova

Рецензија за „Молкот на страдањето“ од Ивана Глоѓуновска од читател


Марга Велеска


Дали секоја жена може да се нарече „мајка“ со самото раѓање на нова душа на овој свет? Дали постои оправдување за нејзините постапки? Дали воопшто постои оправдување за постапките на оние кои треба да бидат наш пример? Не избежно е да не се запрашаме што грев има сторено малото девојче кое не бара ништо друго освен љубов и семејство како и секое друго дете. И самошто сме помислиле дека тоа е последната солза која се тркала по нејзиното нежно лиценце наидуваме на уште еден предизвик зад кој детското срце храбро застанува, но и покрај храброста што ја има и покрај сета болка што ја крие зад својот молк, молчејќи ја бара неа, својата мајка.

како велат старите: ни една несреќа не доаѓа сама, па така малото девојче, чијашто среќа не му е наклонета, се гледа во огледало не можејќи да се пронајде во него.

Дали после сите бури ќе успее да се види во огледалото во кое гледа поинаква верзија од себе? Дали ќе зараснат оние лузни, но не оние по нејзиното тело, тука оние по душата?

Тоа ќе го дознаете доколку ја прочитате вистинската приказна за Ана, малото девојче со голема душа.

Од срце ви ја препорачувам оваа новела која ќе ве замисли и поттикне да размислите за своите постапки.

104 views0 comments

Comentários


bottom of page