top of page
Search
Writer's pictureEmilija Zlatkova Anastasova

Рецензија за новелата ,,Молкот на страдањето" од Ивана Глоѓуновска

Христина Алексовска


Емотивна, потресна приказна...Тешко е да ја распостелиш душата а таа да крвари по белиот лист...Тешко е да ги сопреш солзите кои ја параат душата...

Што е животот? Животот е илузија...Растеш, се развиваш, живееш, умираш...Животот знае да биде суров! Дали децата, тие млади души се виновни што дошле на овој свет? Децата се само деца но и борци кои никому немаат згрешено! Дали родителите треба да ги занемарат своите деца кога ќе се разделат...безброј прашања...а одговорите далечни...Ана е девојче кое прерано ќе созрее и прерано ќе се соочи со суровата реалност. Едно детство, еден живот срушен во нејзините очи...

Се руши нејзината перцепција за идеален живот - сложно семејство, но не може ништо да смени. И така талкајќи во себе, од едно во друго училиште се обидува да ја пронајде смислата на животот...но тоне сè подлабоко и подлабоко!


А какви гревови има направено ова мало плашливо девојче кое само бара да биде сакано...нејзината душа се труе со тага, разочараност, болка...болка психичка, која не и дава мир, а молчи за сè, се додека еден ден не пукне и таа болка не прерасне во физичка болка...и повторно страдање...Но Ана е борец, секогаш на ум и паѓа дека од нејзиното тешко има уште потешко...Знае дека горчината во нејзината душа никогаш нема да ја снема како и лузната од нејзиното срце...Но животот продолжува...треба да биде храбра...но како девојче кое сè уште не го осознало животот да се бори со суровата реалност и да се соочи со предизвиците... И по сите случувања, со молитва на усните да ги затвори очите надевајќи се дека ќе го види светлото на денот...Дали тоа ќе се случи...Дали Ана ќе има храброст да се соочи со непознатото во животот како пред поразен лист хартија...Дали постои живот за Ана? Дали ќе продолжи да чекори по патеката на животот или ќе живее во спомените на своите? ДАЛИ???🍀🍀🍀

47 views0 comments

Comments


bottom of page