top of page
Search

РЕЦЕНЗИЈА ЗА РОМАНОТ„ИЛАРИЈА“ ОД ИВОНА ПЕТРОВСКА

Пишува: Наташа Арсовска

...Ех,што е овој живот? Бунар без дно.Небо без ѕвезди.Љубов без

почит.Валута без вредност.Живот без искреност.Живот без здив...

Луѓето се злобни.Луѓето се себични.Одвратни!

Целиот свет е лага.Голема лага.Не можам повеќе,не сакам!Доста е!...

Почитувани, сме се запрашале ли некогаш како размислуваат нашите деца за

животот?И што е тоа толку силно што ќе натера едно девојче од 14 години да

размислува за тежината на животот и да го разголи до живот без здив?Која е таа

немерлива животна сила која во свеста на едно дете ќе изѕида бунар без дно,ќе ги

направи луѓето одвратни во светот на една бескрајна измислена лага?!

Дали сме им доволни на нашите деца? Дали доволно им се даваме и

посветуваме? Дали сме нивни потајни набљудувачи или поведени од ритамот на

„новото модерно“ дозволивме тие самите да се поистоветат со возрасните,да

размислуваат и да го осознаваат светот со од нив вдахната и отелотворена нова

животна димензија?

Општествените случувања последниве 30-тина години на глобално ниво донесоа

хаос во светот.Несомнено е дека во сите сфери од живеењето завладеа

несигурност,криза,немир и страв од „новото реално “кои на различни начини преку

различни механизми се одразија врз животот на луѓето од сите генерации.И

додека секој различно говори,мисли и сонува,сите исто плачеме кога некој ќе си

замине од нашите животи.Напуштеноста од драга и блиска личност и потрагата по

родителот боли на сите светски јазици, сите детски очи плачат со исти солзи и

прават море од исти желби.

Ивона е девојка која заедно со нејзините 14 години ќе се затвори во свој измислен,

но сепак реалистичен животен простор наречен роман и посакувајќи да побегне од

хаосот на суровата реалност, ќе се втурне во размислувања сама да создаде свој

поубав свет напишан на хартија.Ивона со своите животни премрежја ќе се соочи

на лист-хартија и ќе отелотвори лик пандан на нејзиното второ„јас“.На тој

книжевен лик Ивона ќе ги препише своите години на предизвици,желби за

патувања, мечти кон остварување на своите соништа и размислувања за

животот,но истовремено ќе му ја додели најтешката задача.Иларија-рационалниот

лик на девојка тинејџер во истоимениот роман на Ивона ќе треба да ја исполни

својата долгогодишна мисија и да го пронајде подзаборавениот лик на таткото кој

го напушта своето семејство од непознати причини во уште понепознати далечини.

...Мамо,какви биле очите на тато?-прашав.

На мајка ми ѝ се насолзија очите и само што не заплака.Молчеше така две

минути,додека пак Ален ме гледаше налутено.Тој набрзина стана од масата,си го

зема ранецот за тренинг и замина преку врата.

''Убави беа,како твоите душо.Такви беа.''-ме прегрна со тешка болка. Иако

мислеше дека јас таа болка не ја гледам,јас ја гледав многу добро.Сакав да

прашам каде е татко ми,но кога видов дека мајка ми не беше подготвена на овој

разговор,се почувствував виновно и замолчев...

Со Иларија ќе се соочиме веднаш на почетокот од романот,заедно со неа ќе ги

прошетаме лондонските улици,ќе киснеме под ист чадор од секојдневните

дождови и избезумено,без никакви одговори на поставените прашања, ќе го

бараме татко ѝ заедно со нејзините другарки-врснички.

...Гледаш ли дека судбината не довела токму во овој депресивен град каде што

облаците постојано плачат ,а луѓето мислат дека тоа е само дожд...

Но Иларија го сака дождот.



..Да бидам искрена,си ги сакав дождливите утра.Иако секој го сака топлото

сонце,јас го сакам дождот.Дождот за мене има некоја симболика на искреност,но и

тага.Имав сеќавање на една дождлива ноќ