top of page
Search

Рецензија за „Тајната за Розата Дафне“

Writer: Emilija Zlatkova AnastasovaEmilija Zlatkova Anastasova

проф. Марија Кулеска

Алузиите на средновековните љубовни трагедија и митот за Аполон и Дафне се преточени во совршен сплет на метафорични дијалози, кои секој читател би го оставиле да се прашува дали љубовта е единственото нешто за кое човек живее? Дали чекорењето низ болката, нѐ понесува кон онаа чиста љубов, кога заљубените се сплотени со своите души во едно? Се прашувате ли кое е потеклото на љубовта и дали љубовта и смртта имаат заедничка нишка што ги поврзува? Писателката навлегува во длабочините на љубовната болка и ја возвишува љубовта на два начини едниот оној посесивниот, кога страста го замаглува умот на човекот и кога љубовта е крај сам за себе и оној кога човек сакајќи да го зачува споменот на својата сакана се изолира од светот на реалноста и бега, создавајќи боженствена слика од својата сакана.

Секој човек во животот се радува и живее со надеж, дека ќе го виде блесокот на утрото, но Филицијан живее во споменот на својата загубена сакана.

Ова е роман, кој ќе ве води низ сплет на мистериии, кои ја отсликуваат љубовта како две спротивставени сили, онаа животворната и онаа на смртта.

Преку интертекстуални референци од драмите на Шекспир, писателката поставува прашање дали љубовта може да биде трпелива.

Читателот има чувство како повторно да чекори со Шекспир и Данте, каде љубовта не е разумна, туку е страст и посакување, можеби сила која му дава смисла на човечкиот живот и вредност на неговиот дух. Но, е притоа сила која ги поведува љубовниците кон жртвување. Но дали оваа љубов ќе ги претвори карактерите во жртви на своите дејствувања, останува на читателот да открие.

Писателката преку карактерните црти на ликовите го постаува прашањето дали човек паѓа во рацете на судбината или сам си ја создава својата судбината. Ова дело ја воздигнува љубовта до степен на божество, ја прочистува од влијанието на самата желба да се поседува во љубовта.


Писателката прави една нескротлива нишка на љубовта во средниот век онаа недостижната идеалната, забранетата и онаа во Романтизмот, каде ликот бега во својта осаменост, се повлекува сакајќи да живее во споменот на својата сакана. Станува збор за страст што е толку силна што доаѓа до уништување кога вљубениот е заслепен со љубомора.

Светот е олицетворение на длабока љубов и страст, пред која и разумот молчи. Кога човек ја губи љубовта останува да чекори по калливо тло на болка. Како срцето да му паѓа во жив песок и го убива . Приказна во која љубовта , светлината ја претвора во мрак, а потоа повторно се раскинува мракот и се претвора во светлина . Како нежен лист милуван е страста на почетокот . Дафне – роза посакувана од двајца. Дали и оваа приказна ќе заврши како митот ? Дали страста е почеток на љубовта , но и нејзин крај, слепа точка од која нема враќање ? Интересно философко прашање се поставува дали доколку разумот се употребува „Ромео и Јулија “ драмското дело на Шекспир би имало поинаков крај, само ако малку биле трпеливи двајцата заљубени.


 
 
 

Comments


ЗБОР - Издавачка куќа

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • YouTube

Сите права се задржани ©2021 by ЗБОР

bottom of page