Search

Рецензија од прв читател на „Вилинско коњче“


Мелек е најмалото дете во семејството покрај нејзините тројца браќа. Таа живее сама со родителите, додека браќата ја живеат секој својата судбина во странство. Малата Мелек е храбра девојка која за жал животот ќе ја натера пребрзо да порасне. Таа е истрајна, добра и послушна, но кога тагата ќе завладее со неа таа се повлекува во нејзината соба за тага. Смртта на нејзината стара мајка ја погодува до срж и таа почнува да се менува. Но,трагедијата не завршува тука. После овие настани светот и се превртува и таа е продадена за богат маж на кого му раѓа две деца. Клеа постојано се моли да умре и сето ова да заврши. Нејзините сонови да студира паѓаат во вода. Иако нејзиниот маж ја разгалува таа воопшто не може да го засака. Од мала таа научи да се смее кога и е тешко и да лаже кога е потребно. За неа животот е завршен. Таа е славеј во кафез, продадена птица за пет пари. Темнината и е постојан придружник, а глумата нејзин вечен сопатник. Таа прави сè што може за да преживее во овој суров свет,но што е животот без радост, љубов и среќа? Заробена по туѓа вина во плановите на другите како спореден лик во телевизиска серија.

„Понекогаш кога ќе видев како двајца вљубени се шетаат,посакував и јас да го живеам тоа чувство на полетност,па секогаш помислував дека едниот од нив лаже. Не е вистински двајца да се сакаат. Така се тешев!"

Ова е емотивен роман за тагата и загубата,како и за среќата кој ќе допре до вашите срца и во никој случај нема да ве остави рамнодушни. Приказната на Клеа е една од многуте за неправдите врз жените,но исто така е приказна за храброста,истрајностани трпението. Многу поучна приказна од педагошки аспект за сите родотели,баби и дедовци за тоа како да им ја објаснат загубата која ја преживеале децата без да ги лажат. Прекрасно осмислена фабула и течна нарација. Лесно читлив ромам кој ќе го проголтате во еден залак. Дали Клеа ќе излезе од својата Соба за тага ќе ве оставам да откриете сами. Кога ќе го оставиме минатото зад себе,не чека светла иднина. Зошто баш вилинско коњче? Затоа што си храбра како вилинско коњче. Сум ти раскажувал дека и тие додека да летаат храбро мора да поминат низ фази на опстанок. Но кога ќе пораснат,нема поубсви од нив кога ќе ги рашират крилјата...

62 views0 comments