Силвана Панева
Иако книгава обработува период во средината на 19 век, се присетив дека само пред триесетина години живеевме сличен живот на овој од книгата.
Децата слободно трчаа по маалата, жените во студените зимски денови: плетеа, везеа и по малку трачареа, а мажите помагаа кога се градеше нова куќа, несебично се нудеа некому да исцепат дрва или за било каква работа.
Марти е млада жена која во еден ден ќе го закопа мажот и по неколку часа ќе се омажи за Кларк Дејвис.Нема да го направи тоа од љубов, зашто срцето и крвари од жал по саканиот човек, а таа тешка одлука мора да ја донесе заради нероденото бебе и безизленоста во која се нашла додека со веќе мртвиот маж барале свој ранч.На Запад! Фрустрации, гнев и омраза ќе се роди кај младата Марти, затоа што е сама, никој и ништо во непозната земја, а возот за Исток треба да дојде дури на пролет.
Кој е новиот сопруг?Дали ќе продолжи да го мрази до пролет кога треба да си замине, или животот во целост ќе и се смени?!
И сурова и нежна книга истовремено, која буди сочувство и емпатија.
Животот не е мирна река, некогаш ќе дојде лошото, другпат доброто.Наша задача и цел е да дадеме се'од себе за лошото помалку да боли, а доброто добро да го засадиме, за во иднина да се раѓаат убави работи.Љубовта знае да дојде бурно и страсно, а знае да дојде тивко додека не те фати во тесно🥰
Книга која има неколку милиони примероци ширум светот, воедно делото е екранизирано.
Ја препорачувам на сите!
Commentaires