top of page
Арсен

Арсен

Животните патеки на двајца млади луѓе, Кејт и Ведран, се спојуваат. Уште при првата средба меѓу нив се појавуваат искри и за кратко време се раѓа вистинска романтична љубов. Иако и двајцата се излезени од врски во кои биле повредени, љубовта им ги лекува раните.

Нивната врска е исполнета со меѓусебно разбирање, доверба и спокој, тие се потпора еден на друг и имаат планови за заедничка иднина. Сè до еден ден кога Кејт оди кај Ведран, а пред неговиот дом наоѓа полиција, болнички автомобил и многу луѓе. Ведран е пронајден мртов.

Случајот е затворен како самоубиство.

Но, Кејт и братот на Ведран не можат да прифатат дека станува збор за самоубиство. Ангажираат приватен детектив да открие кој стои зад смртта на Ведран.

Истражувањата откриваат многу тајни, вмешаност во криминал, трговија со дрога... Но, кој стои зад сето тоа? Кој е вмешан во овие криминални активности?

Крајот ќе ве изненади и шокира

  • Автор

    Кристи Гоб

     

  • Број на страници

    260

ден320,00 Regular Price
ден192,00Sale Price
bottom of page