Бегалката
Либерти, Индијана, е дом на станицата на подземната железница со која управуваат Ана Брент и нејзиниот татко, тајни аболиционисти коишто имаат засолниште за робови што побегнале и патуваат кон слободата. Брентови мора да бидат многу внимателни; секој што ќе биде фатен како помага во бегство станува предмет на затворска казна според Законот за робови во бегство од 1850 година. Така, кога Ана ќе почне да пишува колумни во локалниот весник во кои го осудува ропството, таа мора да го прави тоа под псевдоним. Дури и уредникот на весникот, Даниел Стентон, не го знае вистинскиот идентитет на авторот. Даниел ризикува да ги објави колумните - неговата работа, весникот и неговиот живот може да бидат во опасност.
Кога работата на Ана ќе биде загрозена, дали таа ќе може да му се обрати на гласниот уредник на весникот, човекот кого одвај го познава, за да ја осигури безбедноста на робовите што ѝ се драги? Дали таа и Даниел ќе ризикуваат сè за да им помогнат на робовите бегалци да останат слободни?
„Прекрасна историска романса вешто испреплетена со неизвесност, напнатост, што ќе ве натера да ги вртите страниците, и со нежен поглед во срцето на една страсна млада хероина. Мелани Добсон со својот моќен наратив ќе ве залепи за страниците на оваа извонредна книга.“ – Мирал Ферел, авторка на „Другата ќерка“.
„Бегалката“ е најпродаваниот роман на Мелани и добитник на наградата „Најдобар роман на Индијана“ од Државните библиотеки во Индијана.
Автор
Мелани Добсон
Број на страници
376