Бегство
Како да фатите бегалец кој нема што да изгуби?
Еден опасен затвореник, на кој му се посреќува, се пушта во бегство. Тој остава трага од мртви тела и уништува сè пред себе, додека американските маршали, Медисон Џејмс и Џонас Квин, очајнички сакаат да го спречат – но секогаш се чини дека е еден чекор пред нив.
Секој си има свои демони со кои мора да се справи додека си ги ризикуваат животите и се обидуваат да го фатат. Придружете им се во опаснава игра во која исходот е неизвесен. Дали затвореникот е навистина виновен? Авантура која ќе ве понесе од неочекувана авионска несреќа и напната потрага низ шумата, па сè до интервјуа со луѓе кои можеби го имаат клучот за да го пронајдат, но се и спремни да лажат за него. Дали маршалите ќе успеат да стават крај на целава хајка?
Книга која до последната страница изобилува со напнати приказни полни со многу акција ве остава во исчекување.
Број на страници
300
Автор
Лиса Харис