Ехо на љубовта
Во стихозбирката „Ехо на љубовта“ – стиховите силно одѕвонуваат, нежно ве милуваат со својата искреност и невиност, чисти како бистра солза, опишани преку сјајот на нејзините очи, првата прегратка, чувства неизговорени, но со поглед искажани, копнежи, горчливи ветувања, разочарувања и заминувања, надеж и среќа за двајца... едноставно допираат до вашата душа и го освојуваат срцето на секој читател.
Стихозбирката „Ехо на љубовта“ од авторот Никола Митовски е вистинско освежување и подмладување за литературното поетско ѕвездено небо, со современа македонска лирска поезија за неисцрпната муза и вечна инспирација – љубовта, возбудливо емотивно патување, кое го заслужува вашето внимание и љубопитност, ве повикува да го искусите и споделите.
Автор
Никола Митовски