top of page
Закопани тајни

Закопани тајни

По седум години работа како детективка во бучниот и гласен Чикаго, Лиса Грент е спремна да живее поспокоен живот, па ја прифаќа работата како началничка на полицијата во родното гратче. Работите почнуваат да се заплеткуваат кога тимот на едно градилиште ќе открие човечки скелет. Повикот за помош ќе го доведе на нејзиниот праг детективот Мек Мекгрегор, поранешен член на Фоките. Додека заедно работат за да ја решат мистеријата што се крие зад необележаниот гроб, опасноста ги следи во чекор. Некој не сака клопчето да се отплетка и ќе направи сè за грозоморната тајна да остане закопана. Некој, кој ги знае слабостите на противникот и ги користи за да го порази.

Ајрин Ханон мајсторски ја плете неизвесната мистерија со интригантните пресврти, психолошкиот аспект на убиецот и невообичаената романтична динамика меѓу Мек и Лиса.

  • Автор

    Ајрин Ханон

  • Број на страници

    400

ден490,00 Regular Price
ден350,00Sale Price
bottom of page