top of page
Кралски Божиќ

Кралски Божиќ

Аделаида Смит нема време за бајки. Таа работи напорно за да си го плати правниот факултет и сега кога се гледа крајот, решена е да се држи до својата цел. Во меѓувреме, добива писмо во кое пишува дека преку регистарот за ДНК е откриено дека е директен потомок на кралот Максимилијан Петти, владетел на едно мало источноевропско кнежество наречено Монто­ви­ја. Секако, Аделаида е скептична. Тоа сцена­рио е наменето за бајковити филмови, а не за реалниот живот.

Иако деловите од семејната сложувалка се чинат неверојатни за да бидат вистинити, сепак преовладува љубопитноста. На покана од кралот, Аделаида тргнува на божиќно пату­ва­ње, каде што ја очекуваат бројни изненаду­вања, шармантно селце, луксузна палата, семеј­­­ни мистерии, кралска љубомора, згоден член на парламентот - и шанса за вистинска романса од бајките со среќен крај.

Мелоди Карлсон ве води во уште една божиќна авантура што ќе ви го стопли срцето.

  • Автор

    Мелоди Карлсон

ден390,00 Regular Price
ден273,00Sale Price
bottom of page