Кула од карти
Животот на Софија и Марко, и на нивното мало синче Тадеј, по случувањата од романот „Продолжи да одиш“, изгледа како од бајка. Тројцата се многу среќни и животот им е исполнет со весели моменти, забави, прослави и патувања. Животот го продолжуваат во Австрија, каде што живеат и работат и сè е прекрасно за нив тројца. Но, многу често постои едно „но“, а овде тоа „но“ е една вечер кога целиот живот им се превртува, кога доаѓа до тотален хаос во нивниот живот, кога Марко е тешко повреден, а малиот Тадеј киднапиран. Софија е оставена сама во очај да се бори и сфаќа дека животот е како кула од карти, ако само една „карта“ се повлече, може целата кула да се сруши.
Дали и нивната „кула од карти“ ќе се сруши или сепак приказната ќе заврши со среќен крај, ќе дознаете доколку ја прочитате оваа книга.
Автор
Елена Симоновска
Број на страници
208
СОБЕРИ СПОМЕНИ ИЗБЕРИ ПРИКАЗНИ