top of page
Ловејќи го ветрот

Ловејќи го ветрот

Што се случи со Брижит Бертхолд?

Тоа прашање го прогонува Даниел Витез уште од неговата тринаесетта година, кога тој и десетгодишната Брижит успеваат да им избегаат на агентите од Гестапо кои ги уапсиле нивните родители.

Тие преживуваат мачно патување од Германија до Англија, за по нивното конечно пристигнување, да бидат разделени. Даниел ветува дека по војната ќе ја најде Брижит, ветување кое се бори да го исполни повеќе од седумдесет години.

Сега, како богат старец, последната надеж на Даниел за пронаоѓање на Брижит е во Квенби Вон, американска новинарка која работи во Лондон. Тој верува дека упорноста на Квенби да пронајде исчезнати лица и нејзините лични инвестиции во поврзана приказна за шпионажа од Втората светска војна, ќе ѝ помогнат да успее таму каде што не успеале претходните истражувачи.

Иако Квенби се бори со сопствени демони ― и е против идејата да се здружи со адвокатот на Даниел, Лукас Хаг, сепак приказната на Брижит премногу ја допира за да може да се спротивстави. Заедно, Квенби и Лукас навлегуваат длабоко во минатото, следејќи ги трагите на измама, жртва и лекување што може да им ја промени иднината на сите нив.

  • Број на страници

    405

  • Автор

    Мелани Добсон

ден450,00Price
bottom of page