Пристаниште на надеж
Трејси Кембел никогаш не сакала да го напушти Хоуп Харбор, Орегон или идиличната фарма со боровинки која е сопственост на нејзиното семејство веќе три генерации, каде што и пораснала. Но, животот – и љубовта – ги промениле нејзините планови.
Кога ќе се случи трагедија што повторно ќе ѝ ги промени плановите, таа ќе се најде назад во својот роден град со една фарма која тапка во место и со една потресна тајна. Романтиката не е на нејзината агенда. Тоа не е случај ниту кај Мајкл Хантер, посетителот од Чикаго кој има свои застрашувачки тајни. Но кога Трејси го регрутира за да помогне да се спаси добротворната организација што се бори да ја одржи, ветровите на промени почнуваат да се движат низ Хоуп Харбор, носејќи исцелување, надеж и љубов во безброј животи – вклучително и во нивните.
Автор
Ајрин Ханон
Број на страници
350