Продолжи да одиш
Софија доживува сообраќајна незгода откако дознава дека Филип, момчето со кое неколку години е во врска и се свршени, ја изневерува. Од сообраќајната незгода се здобива со неколку полесни скршеници, но срцето ѝ е непоправливо скршено поради ова неверство. Филип се кае за неверството и бара прошка, но скршеното срце на Софија не може да го прости неверството. Минува низ тежок период, но покрај неа се семејството и пријателите кои се нејзина голема поддршка.
Дали ова скршено срце може да се опорави и да продолжи да оди напред, па и да љуби? Љубовта ја бараме далеку од нас, ама понекогаш таа може да е близу нас, но да не ја гледаме и препознаваме. Зошто е тоа така? Како една девојка може да се крене над болката од неверство и да продолжи да оди? Како едно скршено срце може повторно да љуби?
Емотивна приказна која ќе ги допре вашите срца и ќе ве освои.
Автор
Елена Симоновска
Број на страници
200