Пурпурни долини
Неодделеноста на душата е пурпурната долина
Неотвореноста и згрбавеноста
Ничкосаноста и издигнувањето
Во призрак што се срочува
И толку лесна и несфатлива изгледа
Што некои чудности од неа произлегуваат
Колку ли само години ќе минат?
Кога човек ќе трага по слободата
Во трагот ѝ влегува, но не ја наоѓа
Загубеност една чувствува
Збунетост го примамува, со дланки го милува
И посакува да промени нешто
И крева рака за револуција
Почнува да верува изми фанатизми и имагинативно
Посегнува животот на другиот да го води
Иако себеси не се знае и не знае како својот да го раководи
Сè дури не стине до пурпурната долина
Каде јавето и имагинацијата е едно
Каде со својата мисла пушта како слободна срна да лута
По полиња ширни и секој мирис, секој дождец
Го впива и во опојноста негова заспива
Под синото небо и кругови ѕвездени милува сакана своја
Нишка спротивна на него
Иако не ѝ кажува дека ја сака