top of page
Трчај мали, трчај

Трчај мали, трчај

Ова е возбудлива биографска приказна за очајната битка на Ники Круз против дрогата, алкохолизмот и насилното опкружување, додека тој бараше подобар начин на живот на улиците од Њујорк.

Ники имал само три и пол години кога неговото срце се претворило во камен. Како едно од осумнаесетте деца родени од родители кои практикуваат вештерство, крвопролевањето и хаосот биле вообичаени појави во неговиот живот. Тој претрпел тешко физичко и психичко малтретирање од родителите.

На 15 години, таткото на Ники го испратил кај еден од постарите браќа во Њујорк. Ники не останал долго со својот брат, туку избегал и на шеснаесет-годишна возраст станал член на озлогласената улична банда во Бруклин, позната како Мау Маус. За шест месеци тој станал нивни претседател.

Ники бестрашно владеел со улиците како воен лидер на една од бандите од кои најмногу се плашат ривалите и полицијата. Изгубен е во циклусот на дрога, алкохол и брутално насилство. Како што расте репутацијата на Круз, така растат и неговите опседнувачки кошмари, но и сè почестите апсења и посети на психијатар. Неговиот живот забрзано се движи по удолница предвидувајќи му затвор или електрична столица.

Но еден ден Ники Круз и неговиот живот се промениле. Во текот на неговиот живот спасил и сè уште спасува илјадници млади луѓе од лошиот живот на улицата.

Што се случило за да дојде до таква трансформација?

  • Автор

    Ники Круз

  • Број на страници

    350 

ден450,00 Regular Price
ден200,00Sale Price
bottom of page