top of page
Љубовта доаѓа тивко

Љубовта доаѓа тивко

Марти и Клем тргнуваат да си ги остварат надежите и соништата на Западот. Штом пристигнуваат, Клем го избира совршеното место каде што ќе го изградат својот нов дом, но една несреќа му го одзема животот, а Марти останува сама и бремена. На денот на погребот се појавува и Кларк Дејвис... и ја замолува Марти да се омажи за него!

Марти е бесна – но без пари, без засолниште и со бебе на пат, дали има друг избор? Освен тоа, Кларк само сака мајка за неговото девојченце Миси. Ако Марти е несреќна дури да дојде пролетта, тој ќе ѝ го плати билетот за да се врати на Исток.

Решена да не му биде товар на Кларк, Марти се впушта во новата улога на „мајка“. Но никогаш досега не била мајка и не ни знае како да го одржува домаќинството. Треба само да издржи доволно долго за да може да си го заработи возниот билет за до дома... Но љубовта има сосема поинакви планови.

Приказна за моќта на вербата, љубовта и зацелува-њето на ранетото срце.

  • Автор

    Џенет Оук

ден420,00 Regular Price
ден350,00Sale Price
bottom of page