Рецензии
Зорица Трајков
ПРВА рецензија за „Колатерална штета“
Книга која е тотално интензивна и од почеток до крај ќе го задржи вашето внимание со многу акција, неизвесност, мистерија и премногу возбуда!
Бог не го создаде човекот за да убива или да решава кој ќе живее а кој не, кој е помалку вреден или кој е ништо, тоа не беше првичниот Божји план. После првиот грев нештата одеднаш излегоа од контрола а со тоа и претставата за совршениот Бог.
Смртта не беше предвидена како ни убиствата и војните, нелегалните задачи кои живот чинат, донесувањето одлуки кој треба да умре за друг да живее оставајќи го како колатерална штета невиниот, најден или роден во погрешно време на погрешно место.
Не, тоа не беше првичниот Божји план!
Исаија Џејмс е погрешно клеветен војник, прогласен за предавник кој загинува во пожар при експлозија во кафуле во Кабул, умирајќи во рацете на воениот психијатар Брук Адамс која се спасува здобивајќи се само со тешки изгореници. По долго лекување Брук се враќа во својата земја и продолжува да работи како психијатар но под услов никогаш со членови од армијата.
Ашер Џејмс, поранешен наредник во армијата за специјални операции кој исто така служел во Авганистан кому кошмарите и сенките на војната не му даваат мир. Закажува средба со психијатарот Брук Адамс со надеж дека ќе се справи со своето ПТСД. Заедно запаѓаат во еден куп напади и постојано се мета помеѓу неколкуте убиства стравувајќи за своите и многу други животи. Што точно сакаат да прикријат одредени воени лица и доктори е пострашно од се што можеме да замислиме. Дали прогонстватата се поврзани со службата во Авганистан и зошто главна мета е токму Брук Адамс оставам на вас да дознаете во оваа неверојатно добра приказна за која следува и продолжение кое со нетрпение го очекувам
Андриана Ристевска (Продолжи да читаш - блог)
"Можеби сме немоќни на моменти во овој живот, но на хартија, можеме да ги истераме нашите демони."
Квенби Вон, американска новинарка која работи во Лондон, е дојдедна до ќор-сокак. Нејзиниот претпоставен бара таа да напише приказна за семејството Рикер. Меѓутоа сите роднини одбиваат да разговараат за нивните тајни. Токму во тој момент на очај таа добива повик од Даниел Витез. Тој сака таа да пронајде една негова пријателка која ја изгубил во виорот од Втората светска војна. Во меѓувреме таа е повлечена од приказната за Рикерови, па така, нејзината љубопитност не ја остава да ја одбие понудата од Даниел.
Но не е воодушевена со фактот дека треба да работи со неговиот адвокат, Лукас. Си има свои причини што не се зближува со луѓе, но оваа понуда можеби ќе смени многу нешта, како за неа, така и за луѓето кои се споредни ликови во приказната.
Дали ќе успее да најде исчезната личност која ниеден приватен детектив не можел да ја најде? Дали едно ветување старо седумдесет години може да се исполни?
Ова ми е прва книга од Мелани Добсон и не ми беше познат нејзиниот стил. Но, во ниеден момент не се сомневав дека ќе биде добра приказната. Иако се работи за тешка и емотивна тема, на еден магичен начин сето тоа е прикажано што не можеш да ја испуштиш книгата од раце. Вклучени се многу интересни историски податоци за Втората светска војна, но не натрупано, туку убаво вклопено во приказната. Поетичната нарација е како река, од првата страница те повлекува и како временска машина те носи назад во времето. Многу ми се допадна како паралелно се прикажани два временски периода, со цел некои делови да се појасни за читателот. Обожавам книги од таков тип.
Една од темите што ја допира оваа книга е напуштеноста и недостигот на семејна топлина. Чувството на отфрленост и двоумењето во самиот себе се сеприсутни, чувства кои никое дете не треба да ги осети. Борењето со тие демони е тешко и најчесто самостојно. Но и покрај сите неправедности, чистата душа на крајот си останува чиста како солза.
Една од најубавите историски драми што ги имам прочитано. Одлично првенче на Збор.
Марина Кљајиќ
„Ловејќи го ветрот“ - Мелани Добсон
Кога би требало со еден збор да ја опишам онаа книга, би го избрала зборот - срцепарателна, бидејќи еден човек во своите 80ти години ангажира новинарка за да пронајде една личност која е исто така во своите 80ти години, личност која ја бара цели 70 години. Диетмар е само три години постар од десетгодишната Брижит. Нивното пријателство е центар на нивното детство, тие се Витезот и Принцезата, кои уживаат во безгрижни денови исполнети со игра, среќа и смеа, кои набрзо ќе бидат свирепо прекинати од агентите на Гестапо. Со своите 13 години, Диетмар ја спасува Брижит, двајцата го преживуваат бегството од Германија до Англија каде судбината ги разделува. "Ќе те пронајдам" - ѝ ветува Диетмар на разделба, но 70 години подоцна, сѐ уште не успева да го оствари верувањето. Што се случило со Брижит Бертхолд? - прашање кое читајќи се наметнува кај читателот, цел живот го измачува Диетмар, сега господин Даниел Витез богат старец, чија последна надеж за да го најде одговорот, Квенби Вон, американска новинарка кој работи во Лондон. Вклученоста на госпоѓица Вон во истрага за приказна за шпионажа во Второтата светска војна е причината за нејзиниот ангажман во истрагата за господин Витез. Квенби, која се бори со свои демони од минатото, сега е на мисија заедно со Лукас Хоф, адвокатот на господин Витез. Заедно, тие двајца навлегуваат длабоко во минатото, следејќи ја трагата на измама, жртвување и исцелување што може да ја промени целата нивна иднина. Оваа книга е извонредна! На секој можен начин. Авторката со својот стил на пишување, полн со длабочина и емоции, одзема здив и ги плени срцата на читателите. Во овие три дена додека ја читав, со тешко срце ја пуштав од раце, но обврските налагаа Обожавам историска фикција и со две раце потпишувам - оваа е една од најдобрите книги што сум ги прочитала од тој жанр. А она што максимално ме освои, е пораката која ја извлеков - " Бог се грижи за своите деца и понекогаш е потребно некое време, но Неговите намери ќе бидат откриени со текот на времето". Со цела душа уживав во секоја една реченица во оваа книга! Топло ја препорачувам. Септември го започнав со првенчето на Збор Издавачка Куќа и морам да кажам дека сум воодушевена. „Ловејќи го ветрот" на Мелани Добсон ме освои од прва страница. Се работи за приказна која е толку слатка и неизвесна, на чие патување постојано си го поставувував прашањето - каков крај ме очекува, ќе биде ли среќен или ќе ми го скрши срцето. Не, нема да ви откријам, само ќе ви кажам дека беше одлична приказна. Не пропуштајте да го посетите нивниот штанд на претстојниот саем. Кога би требало со еден збор да ја опишам оваа книга, би го избрала зборот - срцепарателна, бидејќи еден човек во своите 80ти години ангажира новинарка за да пронајде една личност која е исто така во своите 80ти години, личност која ја бара цели 70 години. Диетмар е само три години постар од десетгодишната Брижит. Нивното пријателство е центар на нивното детство, тие се Витезот и Принцезата, кои уживаат во безгрижни денови исполнети со игра, среќа и смеа, кои набрзо ќе бидат свирепо прекинати од агентите на Гестапо. Со своите 13 години, Диетмар ја спасува Брижит, двајцата го преживуваат бегството од Германија до Англија каде судбината ги разделува. "Ќе те пронајдам" - ѝ ветува Диетмар на разделба, но 70 години подоцна, сѐ уште не успева да го оствари верувањето. Што се случило со Брижит Бертхолд? - прашање кое читајќи се наметнува кај читателот, цел живот го измачува Диетмар, сега господин Даниел Витез богат старец, чија последна надеж за да го најде одговорот, Квенби Вон, американска новинарка кој работи во Лондон. Вклученоста на госпоѓица Вон во истрага за приказна за шпионажа во Второтата светска војна е причината за нејзиниот ангажман во истрагата за господин Витез. Квенби, која се бори со свои демони од минатото, сега е на мисија заедно со Лукас Хоф, адвокатот на господин Витез. Заедно, тие двајца навлегуваат длабоко во минатото, следејќи ја трагата на измама, жртвување и исцелување што може да ја промени целата нивна иднина. Оваа книга е извонредна! На секој можен начин. Авторката со својот стил на пишување, полн со длабочина и емоции, одзема здив и ги плени срцата на читателите. Во овие три дена додека ја читав, со тешко срце ја пуштав од раце, но обврските налагаа Обожавам историска фикција и со две раце потпишувам - оваа е една од најдобрите книги што сум ги прочитала од тој жанр. А она што максимално ме освои, е пораката која ја извлеков - " Бог се грижи за своите деца и понекогаш е потребно некое време, но Неговите намери ќе бидат откриени со текот на времето". Со цела душа уживав во секоја една реченица во оваа книга! Топло ја препорачувам.
Маријана Ѓорѓиевска Мишовска
„Ловејќи го ветрот“ - Мелани Добсон
Емотивна приказна за нераскинливото пријателство помеѓу Диетмар и Брижит-деца, кои наместо да уживаат во детските игри, мораа да пораснат и да го запознаат суровиот свет на возрасните. Приморани да бегаат од војната, препуштени сами на себе, спиејќи под отворено небо, гладни, лишени од грижата и љубовта на своите родители. Преживуваат вистинска голгота по трнливиот пат од Германија до Англија. Кога конечно ќе стигнат, и кога мислат дека на нивните страдања им дојде крај,тие се разделуваат.Судбината ги праќа на различни страни, но Диетмар и ветува на Брижит дека по војната ќе ја пронајде...
Минуваат 75 години и Диетмар се уште трага по пријателката. Последна надеж наоѓа во Квенби,новинарка која истражува за шпионажи и жртви од војната.Таа самата имала трауматично детство, и во главата има многу неодговорени прашања. Заедно со адвокатот Лукас се впуштаат во авантура, копајќи во минатото, следејќи ја секоја трага. Дали ќе успеат да ја пронајдат Брижит и да ги откријат загатките и мистериите кои траеле со години?
Дали Диетмар ќе го исполни ветувањето, дали ќе му се оствари единствената желба што тлееше со години? Што се случувало во годините кога биле разделени, и уште колку маки и неправди претрпеле тие? Дали животот ќе им дозволи последна средба и обединување?
Одлична семејна драма во која се раскажани животите на повеќе генерации,тешките последици од војната, борбата и истрајноста и вистинското пријателство, за кое не постојат граници.
Убава нарација, стил и опис на ликовите, топла препорака за љубителите на добри, емотивни книги.
Јас уживав во секоја страница.