top of page
Добро утро, љубов!

Добро утро, љубов!

Кратка содржина:

Младата и многу успешна, Дарија, се враќа од Германија во родната Македонија и во својот роден град, за да направи едно добро дело. Но, со враќањето, ги носи и своите куфери полни со тажни спомени кои не ѝ дозволуваат да продолжи со животот онака како што таа посакува. Дарија се смета себеси за силна личност. Помислува дека го надминала големото предавство, а и неверството од најдрагите личности. Ја очекува непријатно изненадување. Соочувањето со блиските лица по подолго време, го раскрваруваат нејзиното нежно, но големо срце.

Дарија се соочува лице в лице со своето минато и го искорнува сето трње насобрано во нејзиното срце, за кое не е свесна дека било таму. Се ослободува од тежината што ù стои во душата и нејзиното срце е подготвено за вистинска љубов. А дали вистинската љубов ќе се појави на нејзиниот пат? Дали знаците на патот водат кон нова љубов? Дали љубовта ќе ù се насмевне едно утро, поздравувајќи ја со зборовите „Добро утро, љубов!“?

  • Автор

    Милена Лунеска

  • Број на страници

    300

ден360,00 Regular Price
ден180,00Sale Price
bottom of page