top of page
Search

Рецензија од прв читател за "Фатена на дело"


Љубинка Дамјановиќ




Новата книга на Издавачката куќа ,,Збор" Фатена на дело од Гејл Ропер е втор дел од серијалот Амхерест мистерии 2/4. Главната хероина Мерили Крамер, журналистка, во романот се соочува со неверојатни предизвици, запаѓа во стресни ситуации како што е наоѓањето на мртвото тело на сопругот на нејзината колешка од работа... Приказната е вткаена во предбожиќната атмосфера на гратчето Амхерест, Мери тагува по заедничка прослава со нејзиното семејство кое е далеку, се вклучува во потрага по убиецот на Арни Маинстер, се обидува да биде успешна во свирењето на божиќниот оркестар во Црквата, се обидува да најде убав рецепт за приготвување н мисирка за свечената вечера... И не само тоа, сака да пишува за малолетничката бременост и давањето на новородено на посвојување... Раѓањето на Божиќното бебе и дилемата за изборот на вистинскиот партнер... Низ книгата Мери се препушта на Божјата



промисла и добра волја... па крајот ќе Ве изненади... Бидете трпеливи, ризикувајте во љубовта, предадете се на саканите, непланираните бремености на малолетничка може да биде најголем дар за пар кој со децении се бори со стерилитет- се неколкуте пораки на романот.. Топла препорака за празниците што следат! Уживајте во китењето на елката, правењето на лампиони, направете барем едно добро дело и стоплете едно осамено срце! Земете топло чоколадо, тивка музика и книгата,,Фатена на дело" в раце! Обидете се да не удрите срна која претрчува на патот! Обидете се да го најдете мирот во себе, како и љубовта во Бога!

188 views0 comments
bottom of page