top of page
Боја во сето сиво

Боја во сето сиво

Ако пред здравствената пандемија постојано се прашувавме до каде ќе оди технологијата, здравството, науката, капацитетите на човечкиот ум за нови предизвици, денес по целата самотија во вонредни околности, можеби и ни се направи услуга да запреме, да се свртиме кон себеси, кон семејтвото, другарот. „Како ли, како ли во ова се претворив?“ Да си ги поставиме прашањата кои болат, да ги исплачеме созите кои се меурат и да вриснеме на цел глас и да почнеме од почеток, ресетирани, реинсталирани, реитегрирани во новиот свет.     

„Не се измори ли таго бескрајна,

силата ли уште не ја потроши,

па во мене се насели,

веќе месеци долги пресушни.

Во окови ме закова,

ниту напред, ниту назад мрднувам,

веќе сѐ од мене истроши,

веќе душа в партал престори.“

Александра го прави токму тоа. Како вулкан што тлеел векови наеднаш еруптира и ја распостила црвено-портокаловата душа врз сите нас, нѐ освестува неосвестените, нѐ жали глупавите, нѐ кара прељубниците, ни простува на другарите.

Вреди ли? Сѐ вреди. Вреднувај, без друг да чекаш да те вреднува. Намали ги очекувањата, полесно ќе поминеш.

И како по дефиниција дека надежта последна умира, така и Алесандра, и покрај сите бури, премрежја, осакатени очекувања, неисполнети ветувања ни дава сила и надеж дека времето е бран кој или ќе го сечеш правилно и ќе излезеш на брегот, или ќе те потопи и ќе се изгубиш како никогаш и да не си постоел.

Времето брзо лета,

од промена во промена шета.

Како лани ништо не е исто,

ај да сме си на чисто.

Превез од очи тргнав,

и лагата ја растргнав.

Затоа стихови нови пишувам,

нова реалност опишувам.

За типови и прогнози разни,

и зборови често празни.

Кој искрено и реално лаже,

времето ќе ни каже. 

 

  • Автор

    Александра Андреева

ден250,00 Regular Price
ден200,00Sale Price
bottom of page