top of page
Врати ми се

Врати ми се

Ултимативен лек што може да ја излекува секоја болест? Нема шанси!

Такво беше мислењето на Мериен Керингтон, упорен и самоуверен научник, за потрагата на татка си, чија главна цел е да изнајде лек за генетската болест на сестра си, а истата онаа што им ја украде мајка им. Но Мериен ќе мора да ги стави под прашање своите претпоставки откако татко ѝ ќе падне во кома бидејќи се напил света вода, за која се смета дека содржи остатоци од Дрвото на животот. Татко ѝ остава интригантни траги што укажуваат дека патувал низ времето. Што и не е за верување сѐ додека Мериен не ги тестира неговите теории и не се најде во средниот век, и тоа токму во периодот на една опасна буна.

Вилијам Дурам, доблестен и чесен витез, ја спасува Мериен и ѝ нуди заштита... како нејзин сопруг. Колку подолго останува Мериен во минатото, толку повеќе се приврзува за Вилијам. Ќе го пронајде ли татка си и ќе се врати ли во сегашноста за да ја излекува сестра си? И кога ќе дојде време за да си замине, ќе сака ли?

Џоди Хедлaнд ве води во времето на витештвото и раскажува приказна, која е искрена, реална и фасцинантна. Останува прашањето дали хероите ќе го дочекаат својот среќен крај?

  • Автор

    Џоди Хедланд 

  • Број на страници

    362

ден490,00 Regular Price
ден343,00Sale Price

ЦЕНОПАД 30%

bottom of page