Заплеткани мрежи
Фин ги „пензионираше“ своите боречки вештини, но можеби повторно ќе му затребаат кога опасноста почнува да наѕира во неговото мирно скривалиште...
Откако една катастрофална мисија на Средниот Исток ќе стави крај на шестгодишната кариера во војската, на Фин Мекгрегор му е потребна одддишка. Еден мирен месец во шумата звучи како совршен начин за да се издува. Но мирот не е на дневен ред кога ќе налета на уредничката на книги, Дејна Луис, сосетка која ги зацелува своите рани, но и која несомнено го привлекува. Некој постојано ѝ го нарушува престојот во колибата покрај езерото, којашто ја наследила од деда си.
Додека Фин и Дејна работат заедно за да откријат кој стои зад вознемирувачките настани, инцидентот зазема позаканувачки тон. И кога станува очигледно дека непријателот на Дејна можеби има смртоносна намера, Фин повторно се наоѓа во густо – спремен или не.