top of page
Невообичаен Велигден

Невообичаен Велигден

Пред Велигден, Емил оди во Џамбо да купи подароци за децата на сестра му Емили, која со семејството треба да си дојде за празникот од Португалија. Во Џамбо се судира со една девојка на која ѝ го истура кафето врз белата кошула...

Емил брза кон болницата поради интервјуто за прием на асистент. Една кандидатка која била со најдобри квалификации, не се појавува на интервјуто, но во меѓувреме Емил го повикуваат поради итен случај за операција, што може да ја направи само тој – донесена е девојка со деведесет проценти изгореници на телото. Девојката нема идентитет поради непрепознатливост од изгорениците, но и поради губење на документите во несреќата. Која е девојката?

Во болницата се појавува девојката која Емил ја запозна во Џамбо, но не е таа! Која е девојката од Џамбо, а која е таа која се појавува во болницата?

Приказната за близнаците се движи кон својот крај, со уште еден возбудлив дел во кој ќе бидат одговорени неодговорените прашања во претходните два.

  • Автор

    Емилија Златкова - Анастасова

ден300,00Price
bottom of page