Подигни го едрото
Кога животот ќе те оттурне во најсилната бура, дали знаеш како повторно да го подигнеш едрото?
„Подигни го едрото“ е искрена и сурово реална книга за падот, будењето и повторното градење на себеси. Преку лична приказна за токсична врска, изгубена насока и болни лекции, авторот те води кон најважното откритие – дека вистинската промена започнува однатре.
Ова не е книга со празни мотивациски фрази, туку практичен водич за препознавање манипулација, зачувување на сопствениот „брод“ и создавање стабилна лична основа преку дисциплина, личен развој и свесни избори. Со едноставен и директен стил збогатен со хумор и животни искуства, книгата нуди алатки што можеш веднаш да ги примениш.
Ако некогаш си се чувствувал изгубено, исцрпено или оттурнато од сопствениот курс – време е повторно да го земеш кормилото во свои раце.
Подигни го едрото. Реката на животот продолжува да тече – прашањето е: во која насока ќе пловиш ти?
*Книгата е саемски новитет. Ќе биде достапна на саемот на книгата од 23 април.
Автор
Ѓоре Трајков
Број на страници
218

