Божиќната невеста
Во средината на 18 век, кога Моревската заедница склучувала бракови преку жрепка, Сузана Фришке добива сопруг кого никогаш претходно не го видела. Таа со надеж го прифаќа бракот со Кристијан Белер, иако неговото срце е сѐ уште заробено од друга љубов. Долгото патување кон Новиот Свет, меѓу дивината на Пенсилванија, ги носи низ бури, разделби и тивки болки, но и полека го менува начинот на кој се гледаат еден со друг.
Кога судбината ќе ги раздели, а божиќната светлина повторно ќе ги обедини, и двајцата ќе мора да откријат што значи вистинска љубов.
„Божиќната невеста“ е топла историска приказна за надеж, втора шанса и љубов што се раѓа тогаш кога најмалку очекуваме.
Автор
Мелани Добсон
Број на страници
340
ден550,00 Regular Price
ден440,00Sale Price

