top of page
Вилинско коњче

Вилинско коњче

На колкава возраст сме подготвени за најтешките разделби и загуби?

Смртта секогаш нè фрла во ладна вода, која е длабока и во која не знаеме да пливаме. А тогаш како единствен спасител ни доаѓа тагата.

Таа исто како и другите емоции си го бара својот дел од вниманието. Што се случува доколку ја игнорираме? Расте! И како мала снегулка тркалајќи се од врвот на планината може да нè поклопи како снежна лавина кога најмалку очекуваме.

Четиринаесетгодишната Мелек прерано ги запознава смртта и разделбата, па мора да гази само врз рушевините на нејзиното навидум среќно семејство. Откривајќи го својот вистински идентитет, лута на сите, го напушта своето родно место и по вина на нејзиниот брат Нихат заминува во пеколот. Нихат е западнат во неволји, и не можејќи да се грижи и за неа, ја мажи за богат, но постар човек. Сама и исплашена, без право да одлучува, останува да живее туѓ живот. Иако несреќна, му носи среќа и две рожби на својот сопруг, кој неизмерно ја сака. Се помирува со нејзината судбина сè до еден ден кога се чувствува толку моќна да го преземе животот во свои раце.

Каде сè ќе ја однесе оваа одлука старата Мелек и новата Клеа?

Ќе успее ли да ја стопи снегулката тага, или ќе ја поклопи снежната лавина? Ќе може ли сама да се избори со минатото за некогаш вистински да љуби?

  • Автор

    Илина Јовановиќ Јаковчевска

  • Број на страници

    264

ден350,00 Regular Price
ден299,00Sale Price
bottom of page