Дај ми шанса
Жената што ја посакува е токму онаа што не смее да ја има.
Себастијан Грант, момче израснато без семејство, благодарение на својата брилијантност и неуморна работа, станува врвен педијатриски кардиохирург. Но ниту успехот ниту признанијата не ја исполнуваат празнината што ја носи во себе. Сè се менува во моментот кога ја запознава Лија Монтгомери — професорка по математика и жена што го запира неговиот свет. Вљубувањето е неизбежно… сè додека не ја открие болната вистина: Лија е жената што неговиот најдобар пријател ја сака веќе долго време.
Лија е математички гениј со јасно зацртана цел — докторат. Грижата за помалиот брат ѝ го става животот на пауза, но сега, кога тој заминува на факултет, таа е решена конечно да живее за себе. Љубовта? Премногу непредвидлива. Многу поризична од бројките.
Кога еден неочекуван ДНК-тест ќе отвори прашања за нејзиното потекло, Лија и Себастијан заедно тргнуваат по трагите на минатото. Тајните излегуваат на виделина, чувствата меѓу нив стануваат сè посилни, а изборот — сè потежок. Зашто некои нешта во животот, колку и да се пресметуваат, не можат да се објаснат со формули. Особено не љубовта.
*Книгата е саемски новитет. Ќе биде достапна на саемот на книгата од 23 април.
Автор
Беки Вејд
Број на страници
430

