top of page
Детето во снегот

Детето во снегот

Детето во снегот е збирка раскази за сите семејства чии дечиња заталкале во „студенилото на снегот“. Тоа се раскази посветени и на сите дечиња што потонале во осаменоста на „снежните виулици“, таканаречени аутизам. Психолошки и фиктивни приказни за реалноста на животот на семејствата што имаат дете со аутизам, а кои најчесто се борат сами и осамено, без помош од никого.

Детето во снегот е обид на авторката да ги прикаже борбите на овие семејства и дечиња, но и да привлече внимание и интерес кон нив за да бидат прифатени и разбрани. Вториот дел од оваа книга содржи лични сведоштва од родители на деца со аутизам, кои сакаат да ги споделат своите искуства и борбата за да ги охрабрат другите родители што се соочуваат со аутизам кај дете и да им покажат дека не се сами во таа борба; а оние неупатените, кои не знаат ништо за аутизмот, да ги запознаат со предизвиците со кои се соочуваат овие семејства.

  • Број на страници

    112

  • Автор

    Емилија Златкова Анастасова

ден200,00Price
bottom of page